Живот на село
Совети за правилно воспитување на детето

ПОстои голема веројатност и можност дури и наједноставното и најслабото дете, кое не ветува многу, да постигне највисоки дострели во животот кои од почеток за него навидум се невозможни. Така Елена Вајт ја истакнува суштината на должностите и обврските што почиваат врз секој родител. Одделни глави од книгата обработуваат специфични теми кои нудат извонредно квалитетни „тули“ за градење на карактерот, како што се моралната чистота, бодроста, самоконтролата, работливоста, почитта, чесноста, чистотата, штедливоста и учтивоста.
Дури и најпроблематичното дете ќе има полза од внимателното, цврсто и урамнотежено управување што е препорачано во книгата, вклучувајќи го и начинот како да се поучува на самоконтрола, како да се обликува волјата, како да се изградат добри навики, како да се разбуди покајание без да се предизвика огорченост итн.
Патот на христијанинот

„Успехот во придобивањето на душите не зависи од возраста или околностите, туку од љубовта што ја имате за другите. Помислете на Џон Буњан затворен во затворот во Бетфорд. Неговите непријатели мислеле дека го сместиле на место каде што неговото дело за другите мора да престане. Но, не е така. Тој не е неактивен. Љубовта кон душите продолжува да гори во него и иако се наоѓа во немилост, тој од затворот испраќа светлина која блеска во сите делови од цивилизираниот свет. Тој таму ја напишал прекрасната алегорија за патувањето на побожниот патник од земјата на пропаста до небесниот град. Оваа книга „Патот на христијанинот“ толку точно го отсликува христијанскиот живот и ја прави љубовта кон Христа толку привлечна, така што преку нејзините упатства стотици и илјадници биле преобратени“ (RH May 30, 1912, par. 11).
Ум, карактер и личност

Можеби ќе се запрашате: како да бидам господар на сопствените постапки и да ги контролирам моите внатрешни емоции? Умот го управува целото тело. Сите наши постапки, добри или лоши, извираат од умот. Мозочните нерви кои одржуваат врска со целиот организам се само средство преку кое Небото може да комуницира со човекот и да влијае на неговиот внатрешен живот. Мислите мора да се увежбуваат. Телото мора да се подреди под управа на возвишените сили на битието. Страстите мора да бидат контролирани од волјата, која самата мора да биде под Божја контрола. Вие не можете да ги контролирате вашите побуди, вашите емоции, како што можеби сакате; но можете да ја контролирате вашата волја, и да извршите темелна промена во вашиот живот. Со предавање на својата волја на Христа, ќе имате сила од Бога. Умот е градина, а карактерот е плодот.Каква и да е вашата положба, Бог е во состојба така да го обликува расположението, така што тоа може да биде пријатно и христолико.